Свет

Нови земјотреси во Турција и Сирија – уништени градови, илјадници мртви и повредени

Нови земјотреси во Турција и Сирија – уништени градови, илјадници мртви и повредени

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Неколку часа подоцна, околу 13:30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 1.500, а илјадници се повредени.

Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

Инаку, пред само 20 минути повторно два земјотреси ја погодија јужна и централна Турција.

Земјотресите се со јачина од 4,5 и 4,6 степени според Рихтер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни