Потресите на земјата од силниот земјотрес што ги погоди јужниот дел на Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе во двете земји, се почувствувани дури до Гренланд, објави Данскиот геолошки институт.
„Силните земјотреси во Турција се јасно забележани на сеизмографите во Данска и Гренланд“, изјави сеизмологот Тине Ларсен.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција рано во понеделникот во провинцијата Кахраманмарас, а жртви и разурнувања има и во соседна Сирија. Друга магнитуда од 7,6 степени ја погоди истата провинција неколку часа подоцна. Помеѓу тие два силни земјотреси, ЕМСЦ забележа десетина последователни потреси со јачина поголема од 5 степени, а голем број од оние над 4 степени.