Свет

Чешка ќе испрати тим за пребарување и спасување во Турција по силниот земјотрес

Чешка ќе испрати тим за пребарување и спасување во Турција по силниот земјотрес

Чешката Република испраќа 68-члена специјализирана екипа за пребарување и спасување во Турција по барање за помош од турска страна, соопштија во понеделникот противпожарните служби на Чешката Република.

Официјален претставник на противпожарната служба рече дека тимот на УСАР (Урбана потрага и спасување) е специјализиран за пребарување и спасување од земјотрес и е целосно опремен и обучен за операции кои вклучуваат пронаоѓање и извлекување луѓе од урнатините. Тимовите вклучуваат единици за кучиња за пребарување и спасување и медицински персонал.

Тимот се состои од експерти од два одделни одреди. Едната екипа ќе лета од Острава во понеделник попладне, а втората од Прага рано навечер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни