Свет

ВИДЕО: Погледнете го ширењето на сеизмичкиот бран низ Европа

ВИДЕО: Погледнете го ширењето на сеизмичкиот бран низ Европа

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Катастрофалниот земјотрес се случи во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Неколку стотици луѓе загинаа во Турција и Сирија, а се стравува дека бројот на загинатите може дополнително да се зголеми во наредните часови.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата, на околу 60 километри додека врана лета од сириската граница.

Сеизмологот Стивен Хикс смета дека земјотресот што утринава ја погоди Турција би можел да биде најсилниот земјотрес регистриран од инструменти во оваа земја.

Сликата подолу го прикажува ширењето на сеизмичките бранови по катастрофален земјотрес. Тоа е снимено од сеизмографи низ цела Европа

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни