Свет

ТАЖНО: Голман со солзи бара помош – „Во име на Бог, помогнете ни!“

ТАЖНО: Голман со солзи бара помош – „Во име на Бог, помогнете ни!“

Легендарниот турски голман, а денеска тренер на Хатајаспор, Волкан Демирел се огласи преку својот Инстаграм профил, апелирајќи за итна помош на Турција.

Тој започна да плаче и порача во името на Господ да им се помогне.

„Помош! Би сакал да ги испратите сите ресурси што ги имате, не се работи само за Хатај и Антакија… Ве молам! Ве молам, во името на Бога, луѓето умираат овде“, рече Демирел, а потоа заплака.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни