Свет

Го искористија земјотресот и избегаа од затворот во Сирија – се знае и кој им помогнал

Го искористија земјотресот и избегаа од затворот во Сирија – се знае и кој им помогнал

Околу 20 членови на екстремистичката Исламска држава побегнаа од затвор во северна Сирија поради хаосот предизвикан од разорниот земјотрес долж границата меѓу Турција и Сирија, соопшти во вторникот Сириската опсерваторија за човекови права.

Набљудувачите, цитирајќи ги затворските службеници, рекоа дека радикалните милитанти се наоѓале во затворот Раџо во северниот дел на Алепо, еден од погодените региони.

Тие биле прошверцувани од затворите за 1.000 до 3.000 долари по човек.

„Она што го дознав од моите извори е дека по земјотресот настанал хаос. Припадниците на Исламската држава успеаја да организираат бегство со чуварите“, изјави за ДПА Рами Абдел Рахман, шеф на опсерваторијата.

Десетици луѓе од регионот Африн кој моментално е под контрола на сириските бунтовнички сили поддржани од Турција се во затворот Раџо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни