Свет

139 часа по земјотресот: Спасиле 7-месечно бебе кое преживеало без храна и вода

139 часа по земјотресот: Спасиле 7-месечно бебе кое преживеало без храна и вода

И покрај студот и 6 дена под урнатините, спасувачите продолжуваат да пронаоѓаат преживеани во Турција и Сирија по двата разорни земјотреси.

Во провинцијата Хатај, 10-годишно девојче беше извлечено од под неколку бетонски плочи, цели 147 часа по првиот земјотрес.

Таму спасувачите слушнале плач на мало дете под урнатините. Пронајдоа 7-месечно бебе кое преживеало по 139 часа без храна и вода.

Чудо во сирискиот град Африн, каде од под урнатините е извлечено 2-годишно девојче.

Илјадници други остануваат затрупани под урнатините во погодените области. Спасувачите предупредуваат дека веќе постои голема опасност од појава на епидемии. Само во Турција милион бездомници се сместени во привремени станови и шатори. Во Сирија има околу 800.000.

Бројот на жртви во Турција и Сирија веќе надминува 28 илјади. Шефот на хуманитарните мисии на ОН предупреди дека нивниот број може да се удвои.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни