Свет

Земјотреси во Турција во последните 84 години

Земјотреси во Турција во последните 84 години

Земјотресите во Турција од 6 февруари 2023 година се најмоќните од 1939 година.

Потоа, на почетокот на Втората светска војна, земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа Ерзинчан. Земјотресот се случува ноќе.

Зима е, а снежното невреме и поплавата што следува го прават градот непогоден за живеење. Загинуваат 33.000 луѓе. Тогаш почнуваат првите одредби за градежни промени.

Неколку години подоцна, во 1945 и 1971 година, беа потресени уште два града.

Турција, меѓутоа, никогаш нема да го заборави земјотресот во Измит, во близина на Истанбул во 1999 година, со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Над 17.000 луѓе загинаа, 50.000 беа повредени, а до 500.000 луѓе останаа без покрив над главата. Лошата градба е меѓу главните фактори за многубројните жртви. Економските последици за земјава се проценуваат на околу 6,5 милијарди долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни