Кафуле во Скопје почна да нуди бесплатно кафе на луѓето кои донирале помош за Турција.
За да го добијат подарокот посетителите можат на лице место да се јават и на специјалниот број на Црвениот крст на Република Македонија.
Сопственикот Сашо Шотаревски ги проверува телефоните на клиентите и го послужува бесплатниот пијалок. Не е важно дали донацијата е голема или мала. Еден од посетителите донирал само 100 денари.
Сопственикот вели дека тоа било идеја на неговата ќерка. Таа ја предложила шемата откако слушнала приказни за тоа како и помогнале на Македонија од странство по земјотресот во 1963 година.
„Убаво е да се донира и да се напие кафе. Не се работи за кафето, се разбира. Донацијата е важна. Како човечки гест“, рече еден од донаторите Мартин Наумчевски.
„Мојата ќерка беше воспитана со приказни за земјотресот од 63 година. Така ми ја даде идејата. Јас сум дете на тој земјотрес, мајка ми беше бремена со мене кога се случи. Па знаев дека сакам да направам нешто за да помогнам Турција“.