Свет

Советот за безбедност разговара за помош за Сирија

Советот за безбедност разговара за помош за Сирија

Советот за безбедност на ОН се состанува зад затворени врати за да ги разгледа начините за зголемување на хуманитарната помош за Сирија по неодамнешниот разорен земјотрес, во услови на зголемени повици за отворање нови гранични премини за испорака на помош.

Состанокот, побаран од Швајцарија и Бразил, ко-водачи на земјите во хуманитарното досие за Сирија, ќе вклучи презентација пред членовите на Советот од страна на шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс, кој викендов ги посети Турција и Сирија.

Но и пред седницата неговата порака беше јасна. „Досега ги потфрливме луѓето од северозападна Сирија. Тие со право се чувствуваат напуштено“, напиша Грифитс на Твитер во неделата. Тој додаде дека обврска на меѓународната заедница е „што е можно побрзо да го исправи овој пропуст“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни