Свет

ВМРО-ДПМНЕ ja поздравуваaт одлуката на ДС да излезе од Владата – ги охрабруваат и другите партии да го следат примерот

ВМРО-ДПМНЕ ja поздравуваaт одлуката на ДС да излезе од Владата – ги охрабруваат и другите партии да го следат примерот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од Владата и порача дека ги охрабрува и другите партии да го следат тој пример.

„Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз.

Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата.

Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само “Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.

Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори.

Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни