Свет

Вонредна состојба во Нов Зеланд поради силно невреме

Вонредна состојба во Нов Зеланд поради силно невреме

Нов Зеланд прогласи вонредна состојба на територијата на целиот архипелаг.

Причината е моќното невреме Габриел. Властите го дефинираат како метеоролошки настан без преседан – на Северниот остров во земјата донел поројни дождови и силни ветрови со брзина од 140 километри на час.

На места беше прекинато напојувањето со електрична енергија, имаше одрони, паднати дрвја и куќи. Некои жители се најдоа целосно отсечени од светот поради лизгање на земјиштето или поплави.

Според новозеландскиот премиер Крис Хипкинс, сè уште е рано да се каже колку луѓе се погодени од катастрофата и степенот на штетата, но таа веќе се опишува како огромна во северниот дел на земјата

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни