Во судир меѓу оклопен камион и автобус во Јужна Африка загинаа 20 лица, а 60 се повредени, соопшти покраинскиот транспортен оддел Лимпопо.
„Дваесет лица трагично загинаа во несреќа откако камион со пари изгуби контрола и директно се судри со автобус што доаѓаше“ во понеделникот во 15 часот по Гринич, се вели во соопштението на одделот.