Свет

Европскиот парламент изгласа укинување на летното и зимското сметање на времето

Земјите од Европската Унија се сѐ поблиску до крајот на поместувањето на стрелките на часовникот, откако Европскиот Парламент денеска изгласа укинување на зимското и летното сметање на времето.

Сега секоја држава членка на ЕУ мора да најде компромис, односно во која зона ќе влезе.

Според педложениот амандман, оние кои планираат да останат во трајно летно сметање на времет последен пат стрелките на часовникот ќе се поместат во март 2021 година, а оние кои планираат зимско сметање, тоа ќе го сторат во октомври истата година.

Во сабота кон недела престојниот викенд, започнува летното сметање на времето, односно стрелките на часовникот ќе одат еден час понапред. Во 2 часот наутро, стрелките ќе се поместат на 3 часот.

 

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни