Директниот лет на авио компанијата „Бритиш Ервејс“ од Лондон кон Дизелдорф ја промаши пистата за дури 850 километри. Авионот добил погрешни податоци за летот, па така авионот слетал успешно, ама во шкотски Единбург!
После еден час и 10 минути летање, пилотот го слетал авионот и на патниците им соопштил дека се наоѓаат во Единбург. Тоа наиде на жестоки реакции кај патниците кои купиле билети за Дизелдорф.
После решението на проблемот, истиот авион полетал од Единбург, и успешно слетал во Дизелдорф.
Од авио-компанијата засега не излегоа со соопштение за причината за оваа „утка“, но ќе се изјаснат по наоѓањето на грешката.
„Им се извнуваме на сите патници, а ќе ги контактираме секој посебно“, велат од компанијата.
Интересно е тоа што претходно истиот авион летал од Лондон до Единбург и назад.