Свет

Загинаа 13 лица при уривање на воен хеликоптер во Казахстан

Воен хеликоптер денеска се урна во регионот Кизилорда во Казахстан, при што загинаа 13 лица. Несреќата ја потврди и претседателот Касим-Жомрат Токаев. Според првите информации, леталото се урнало при изведување на воена вежба.

-Хеликоптерот се урна во регионот Кизилорда. Екипажот загина. Наредив веднаш почнување на истрага. Мое сочуство до семејствата на загинатите – напиша на „Твитер“ претседателот Касим-Жомрат Токаев.

Министерството за одбрана на Казахстан соопшти дека хеликоптерот е од типот Ми-8, и се урнал за време на лет од Актау кон Шимкент.

Истражители ја испитуваат причината за уривањето.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни