Американскиот претседател во текот на вчерашниот ден до Конгресот го доставил извештајот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Со ова, Белата куќа ја започнува ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Во писмото, објавено на интернет страницата на Белата куќа се вели. Ви го доставувам Извештајот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, подготвен во согласност со секциите од Решението за известување и одобрување на ратификацијата на протоколите на Северно-атлантскиот договор од 1949 година, за прием на Полска, Унгарија и Чешката Република од 30-ти април 1998 година, пишува Трамп. Според протоколот од 1998 година приемот на овие земји во НАТО придонесува за безбедност и стабилност во Европа.