Свет

Сушата го уништи 8 март во Италија – традиционалниот цвет за празникот не се продава

Сушата го уништи 8 март во Италија – традиционалниот цвет за празникот не се продава

Сушата би можела да го попречи овогодинешниот Меѓународен ден на жената во Италија, без речиси никаква продажба на традиционалниот цвет на празникот, жолтата мимоза.

Поради сувото време жетвата е намалена за една третина, бидејќи намалувањето на врнежите и повисоките температури ги принудија земјоделците порано да ги берат гранките..

Покрај тоа, повисоките трошоци за енергија поради војната во Украина го направија поскапо складирањето на миризливите цвеќиња во фрижидери, соопшти организацијата.

Поради намалената понуда на мимози, цените се зголемени, а големите гроздови се продаваат за повеќе од 20 евра.

Мимозата, која првпат се појави во Италија во 19 век, беше избрана за симбол на Меѓународниот ден на жената во 1946 година, годината по крајот на Втората светска војна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни