Свет

Локални избори во Турција, право на глас имаат 57 милиони граѓани

Во Турција се одржуваат локални избори. Ова се први избори откако воведе претседателски состав во јули минатата година. Право на глас имаат повеќе од 57 милиони граѓани, а на изборите учествуваат 12 политички партии.

Избирачките места на истокот од Турција веќе се затворени, за еден час треба да има и првични неофицијални информации. Во Турција изборните резултати се објавуваат релативно брзо, а државната агенција Анадолија околу 20 часот по локлано време веќе започнува да ги соопштува резултатите.

Во Инстанбул најголемиот турски град, но и главен град на Анкара живее секој петти жител кој има право на глас на овие локални избори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни