Нови протести вечерва во Тбилиси иако владејачката партија во Грузија го повлече предлог-законот за странски агенти. Илјадници демонстранти се собраа пред парламентот во главниот град за да ја изразат својата недоверба кон властите во земјата.
Незадоволните се заканија дека ќе продолжат со блокадите на клучните патни артерии во земјава додека не се потврди одлуката за повлекување на документот со гласање во парламентот
„Требаше да го сметаат народот за моќ. Она што го видовме на улиците на Тбилиси, ова единство… Ако сме демократска земја, владата и парламентот не треба да го игнорираат гласот и волјата на народот“, коментира претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.
Претставниците на Европската унија, исто така, го критикуваа грузискиот предлог-закон, велејќи дека тој е „некомпатибилен со вредностите и стандардите на блокот“.