Аеродромите во Берлин, Бремен и Хамбург соопштија дека денеска ги прекинале комерцијалните летови бидејќи синдикатот Верди штрајкува поради платата.
„Поради предупредувачкиот штрајк на вработените во контролата на летање, нема да има комерцијални полетувања од БЕР денеска, 13 март. Може да бидат засегнати и влезните летови“, објави аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Персоналот за обезбедување на аеродромот во Берлин повика на штрајк поради спорот околу платите
Аеродромот во Хамбург најави дека пристигнувањата може да бидат одложени или откажани. Аеродромот во Бремен информира дека денеска нема да има летови.
Верди го повика персоналот за безбедност да штрајкува на аеродромот во Берлин поради долгогодишните спорови околу платата за ноќна работа, викенд и одмор.
Тоа е последниот во серијата штрајкови и протести што ги погодија големите европски економии, вклучително и Франција, Британија и Шпанија, бидејќи зголемувањето на цените на храната и енергијата го еродира животниот стандард по пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина.