Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел во близина на нејзиниот источен брег, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на војската на Јужна Кореја.
Тестовите се одржаа околу 7:40 часот по локално време (22:40 часот по Гринич), при што проектилите беа истрелани од провинцијата Јужна Хванга.
Јужнокорејската војска е во целосна готовност во тесна координација со САД.
Пред два дена Северна Кореја истрела два стратешки ракети од подморница, а вчера започнаа најголемите заеднички американско-јужнокорејски воени вежби од 2017 година.
Пјонгјанг долго време е претпазлив од сојузничките вежби и ги гледа како проба за инвазија.
Во неделата севернокорејските власти соопштија дека одлучиле да преземат „важни практични“ мерки за одвраќање на војната, посочувајќи дека „воените провокации на САД и Јужна Кореја достигнаа црвена линија“.