Најголемата швајцарска банка „UBS“ потврди дека ќе го преземе „Credit Suisse“, соопшти Централната банка на Швајцарија.
На тој потег се одлучиле со намера да избегнат дополнителни превирања кои го тресат пазарот во глобалното банкарство, објавија во неделата швајцарските власти.
Швајцарската централна банка ќе обезбеди значителна ликвидност на споената банка, беше речено на прес-конференција во швајцарската престолнина Берн. Беше речено дека договорот означува решение за обезбедување финансиска стабилност и заштита на швајцарската економија во исклучителна ситуација.
Претходно денеска беше објавено дека договорот за сите акции меѓу двете најголеми швајцарски банки треба да биде потпишан во недела, на 19 март, во вечерните часови.
Понудата беше објавена утринава, со цена од 0,25 швајцарски франци по акција, која се плаќа во акции на УБС, што е далеку под цената на затворањето на Credit Suisse од петокот – 1,86 франци.
УБС, исто така, инсистираше на „материјална неповолна промена“, која го откажува договорот ако нејзиниот кредитен распон скокне за 100 базични поени или повеќе, пишува ФТ.