Свет

Езерото Монбел во Франција пресуши

Езерото Монбел во Франција пресуши

Рекордната суша во Франција силно го погоди едно од најпопуларните места на југот на земјата. Езерото Монбел е речиси суво. Можете да одите по дното, а чамците завршија на суво откако водите се повлекоа.

Во Франција ја забележаа најсувата зима во последните 64 години. Езерото се наоѓа помеѓу Тулуз и Перпињан. Тоа не е само туристичка атракција, туку и дом на илјадници птици од десетици видови. Јахтските клубови покрај нејзините брегови рекоа дека одбиваат резервации и дека не можат да работат. Загрижени се и земјоделците во околината. Дел од водите на Монбел се користат за наводнување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни