Свет

Во Судан се формира цивилна влада

Во Судан се формира цивилна влада

Воените лидери на Судан и подемократските сили ветија дека ќе започнат со формирање на преодна влада предводена од цивили на 11 април, изјави портпаролот на двете страни, Калид Омар.

На прес-конференцијата што ја емитуваше суданската државна новинска агенција СУНА, Омар рече дека конечниот политички договор, првпат постигнат во декември, ќе биде потпишан на 1 април. Новиот преоден устав ќе биде потпишан неколку дена подоцна, додаде тој.

Судан западна во хаос откако воениот удар предводен од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан ја собори владата поддржана од Западот во октомври 2021 година и го смени курсот на краткотрајната транзиција кон демократија. Тоа доаѓа повеќе од две години по бунтот со кој беше соборен Омар Башир и неговата исламистичка влада.

Ќе започнеме со формирање на институциите на преодните власти на 11 април“, најави Калид Омар.

Комитетот составен од 11 членови – 9 продемократски водачи, еден претставник на армијата и една од најголемите вооружени групи, Силите за брза поддршка – има задача да го подготви конечниот договор.

Сепак, некои клучни политички играчи – од поранешни бунтовници до локални продемократски мрежи – остануваат против договорот и покрај обидите да се привлечат.

Враќањето на демократијата во Судан најверојатно ќе доведе до нов бран финансиска поддршка за оваа африканска земја. По пучот, меѓународната помош пресуши и недостигот на леб и гориво стана секојдневие, делумно поради војната во Украина. Ова ја фрли суданската економија која веќе беше погодена од инфлација во уште поголем хаос.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни