Македонија

Аднан Незири е нов координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците

Аднан Незири е нов координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците

Пратеничката група на Алијансата за Албанците денеска го избрала пратеникот Аднан Незири за координатор.

Изборот на Незири за координатор доаѓа по назначувањето на претходниот координатор Сурија Рашиди за директор во А.Д. МЕПСО.

-Незири ќе ја претставува нашата пратеничка група на координативните состаноци и сите други процеси во Собранието. Пратеничката група на Алијансата за Албанците ќе продолжи да биде гласот на гласачите на АА и воопшто на Албанците, во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Алијансата за Албанците преку социјалните мрежи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни