Уште една ноќ на протести и судири со полицијата во Франција поради пензиската реформа. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои запалија контејнери за ѓубре и мотоцикл.
Why is western media silent on police brutality in France?
French police violently beat up protesters.pic.twitter.com/evu3Fo497Y
— Hassan Mafi (@thatdayin1992) March 21, 2023
Илјадници демонстранти против реформата за зголемување на старосната граница за пензионирање за 2 години повторно се собраа во француската престолнина. На Плоштадот на Републиката во Париз, демонстрантите започнаа со огномет. Со денови демонстрантите и полицијата во Франција се во континуирани судири.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе даде интервју во живо за бранот протести и ќе се обиде да го смири гневот на јавноста. Неговата влада преживеа две гласања за недоверба во понеделникот, откако го заобиколи парламентот и ја воведе пензиската реформа.