Македонија

Исечени сите четири гуми на возилото на градоначалникот на Штип, пријавени и закани…

Исечени сите четири гуми на возилото на градоначалникот на Штип, пријавени и закани…

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, пријавил дека некој му се заканил и му ги исекол сите гуми на личниот автомобил.

Случајот бил пријавен во штипската полиција синоќа во 22.45 минути. Јорданов пријавил закани за неговата лична безбедност, потврдија од СВР Штип.

Неофицијално, заканите доаѓаат од едно лице, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Јорданов засега не сака да коментира.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни