Македонија

ТРАГЕДИЈА: Возило излетало од коловозот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод – возачот повреден, сопатникот загина

ТРАГЕДИЈА: Возило излетало од коловозот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод – возачот повреден, сопатникот загина

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни