Македонија

Возот од Скопје до Велес ќе вози со максимум 20 километри на час – кога ќе стигнат патниците не се знае

Возот од Скопје до Велес ќе вози со максимум 20 километри на час – кога ќе стигнат патниците не се знае

Возот од Скопје до Велес ќе вози со максимум 20 километри на час.

Имено, Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно, за што вчера биле информирани железничките станици долж пругата, јавува СДК.МК.

„Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.

Засега нема информации која е причината за оваа одлука, а патниците стравуваат дека со ова ограничување на брзината ќе се придонесе за доцнење на патничките возови.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни