Свет

Минск: Белорусија формира нов противвоздушен ракетен полк

Минск: Белорусија формира нов противвоздушен ракетен полк

Во вооружените сили на Белорусија е формиран нов противвоздушен ракетен полк, соопшти денеска во Телеграм прес-службата на Министерството за одбрана во Минск, цитирана од ТАСС.

Според соопштението, командата вложила посебни напори за создавање модерна воена инфраструктура и образовно материјална база за новата формација, за решавање на прашањата околу социјалната сигурност на војниците и нивните семејства.

Новиот полк се наоѓа во градот Лунинец, регионот Брест. Се очекува денеска единицата да ја посети белорускиот министер за одбрана, генерал-полковник Виктор Хренин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни