Свет

Продолжуваат протестите во Франција поради пензиската реформа

Продолжуваат протестите во Франција поради пензиската реформа

Деветти национален штрајк и протести во Франција против пензиските реформи. Возовите се многу ограничени, јавниот превоз во Париз, вклучително и метрото, исто така работи со намален распоред.

Проблеми и за оние кои патуваат со авион – од државната Агенција за цивилно воздухопловство посочуваат дека побарале од авиокомпаниите да ги намалат за 30 отсто планираните летови до и од парискиот аеродром Орли.

Јавното незадоволство се засили откако владата ја искористи дупката во уставот за да го протурка контроверзниот предлог-закон без одобрение од парламентот.

Во вчерашното телевизиско интервју, претседателот Емануел Макрон ги опиша пензиските реформи како неопходни и рече дека нема намера да го распушти парламентот или да направи промени во кабинетот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни