Курсот на еврото денеска искачи над прагот од 1,09 долари, објавија германските финансиски публикации.
Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава, единствената европска валута се тргуваше за 1,0915 долари, што е значително над синоќешното ниво.
Европската централна банка вчера попладне одреди референтна стапка за еврото на 1,0785 долари.