Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Кахраманмарас во југоисточна Турција.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил во градот Гоксун, а неговата длабочина била 7 километри.
Четири минути подоцна следеше земјотрес со јачина од 4 степени.Во 13 часот и 4 минути е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени во Ѓеонгсанг.
Претходно денеска во Кахраманмарас беа регистрирани земјотреси со јачина од 4,3 и 3,8 степени.