Свет

Тешка несреќа во Саудиска Арабија – загинаа 20 лица

Тешка несреќа во Саудиска Арабија – загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица загинаа кога преполн автобус удрил во мост, се превртел и запалил во југозападниот дел на Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми.

Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот.

Несреќата се случила во југозападната провинција Асир, што се граничи со Јемен, а причина била откажување на сопирачките на возилото.

Несреќата се случила во првата недела од Рамазан, кога верниците постат од утро до мрак.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни