Свет

ПРВА ЛИГА: Шкендија го доби градското дерби, само бод за Вардар, Шкупи поразен на „Чаир“

Градското дерби за Тетово помеѓу Шкендија и Ренова го доби тимот на Шкендија со 2:1. Лидерот поведе со голот на Бејтулаи, а четири минути подоцна израмни Садики. Меѓутоа повратникот во дресот на Шкендија, Марјан Радески успеа да постигне гол во 54. минута со што „црвено-црните“ го добија овој натпревар.

Вардар имаше водство над Академија Пандев со голот на Аврамовски. И кога Вардарци имаа 3-4 добри шанси за 2:0, се случи спротивното. Во 84. минута Дориев погоди и донесе бод за Академија Пандев.

Шкупи и покрај водството во првиот дел во дуелот со Работнички, беше поразен со два брзи гола. Пеев во 55 и Илијоски во 57. минута му донесоа триумф на „романтичарите“, прв по подолго време „пост“.

Во директната битка за опстанок, Беласица дома беше поразена од Силекс со 0:1 со голот на Додев, а Македонија ЃП ја победи Победа со 3:0. Стрелци за „лавовите“ беа Кировски, Да Силва и Кеироз.

The post ПРВА ЛИГА: Шкендија го доби градското дерби, само бод за Вардар, Шкупи поразен на „Чаир“ appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни