Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Живот

ВИДЕО: Мачката Хан извлечена од урнатините во Турција дури 49 дена по земјотресот

ВИДЕО: Мачката Хан извлечена од урнатините во Турција дури 49 дена по земјотресот

Не се вели залудно дека мачките имаат девет животи.

Мачката Хан била извлечена од урнатините во Турција дури 49 дена по земјотресот. Нејзината сопственичка Нида Дина за турски Хабер изјави дека секојдневно ги посетува урнатините на нејзината зграда во градот Кахраманмарас.

Таа не изгуби надеж и не се откажа од потрагата по саканиот миленик.

„Нашата зграда беше оштетена во првиот земјотрес. Излегов со ќерка ми, но мачката не успеавме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Го најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините од нашиот шеснаесетник“, изјави Дина.

Мачката поминала само со повредена шепа и моментално се лекува.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни