Денеска (30.03.2023) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за Потраги-Отсек за потрага по цел на улица Аврам Пицевски во Скопје го лишија од слобода Н.Н. (62).
Toj бил баран со потерница по Наредба од Основен Кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор од 3 години, за кривично дело казниво по член 236 ст.1,2 од КЗ на РСМ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.