Укинатите членови од Законот на функционерите им овозможија 78% зголемување на плата.
Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари.
Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата.
Уставниот суд на седницата на 21 март донел одлука со која укина член од законот кој ја држеше основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од околу 26.000 денари. Потоа, оваа основица се множи со коефициент кој најчесто е меѓу 3 и 4 и се добива бруто платата на функционерот. Сега, по одлуката на судот, основицата од околу 26.000 скокна на над 46.000 денари а со тоа и платите на функционерите.