Шест лица од две семејства, меѓу кои и едно дете, се пронајдени мртви во мочуриште во Канада во близина на границата со САД, пренесе АФП, повикувајќи се на канадската полиција.
Таа верува дека луѓето кои загинале се обидувале илегално да влезат во САД од Канада.
Телата беа пронајдени вчера во близина на превртениот чамец на маж кој се уште се води како исчезнат, соопшти денеска на прес-конференција заменик-началникот на полицијата Ли-Ен О’Брајан.
„Се чини дека шесте лица се од две семејства, едното со романско, а другото индиско“, рече таа, додавајќи дека починатото дете е на возраст под 3 години.
Второто дете од романското семејство, чиј пасош е пронајден кај еден од загинатите, се уште не е пронајдено и полицијата се уште трага по него.
Полицијата ги чека резултатите од обдукцијата и токсиколошките тестови за да се утврдат причините за смртта.