Македонија

„Во ТИРЗ отворени 30.000 места за млади, се очекува невработеноста да падне на 2%“

„Во ТИРЗ отворени 30.000 места за млади, се очекува невработеноста да падне на 2%“
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод 1-ви април, Денот на шегата преку првоаприлско видео ги искажа лошите политики на оваа криминална влада предводена од СДС и ДУИ. УМС наброја само дел од многуте политики кои власта ги ветуваше пред да дојде на власт, а откако власта е во нивни раце едно ветување не исполнија. -Се врати сопственикот на последните чевли кои активистите на СДСМ ги оставија пред владата. -Во ТИРЗ отворени се 30.000 места за млади, се очекува невработеноста да падне на 2%. -Граѓаните неизмерно задоволни велат„ чест е да се пазарува“ откако производите поевтинија за цели 5% -Четврт студентски град во 6 години…. Секако ова не е вистина, ниту пак може да биде вистина, Честит 1-ви Април, денот на шегата!, порача Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни