Македонија

АА: Решението што го нуди ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно непознавање на реалноста, доминацијата на еден етникум заврши еднаш засекогаш

АА: Решението што го нуди ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно непознавање на реалноста, доминацијата на еден етникум заврши еднаш засекогаш

Од Алијанса за Албанците реагираат на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот по хрватски модел.

Тие велат дека тоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата.

„Од друга страна, решението што го нуди овој политички субјект во однос на преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти. Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине нивните изборни интереси и да се воздигне на должноста што им припаѓа, вклучително и подготвеноста на нејзиниот лидер јавно да се изрази, во отстранувањето на навредливата терминологија за јазикот на нивните сограѓани, во случајов албанскиот јазик“, велат од Алијанса.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни