Членките на организацијата ОПЕК + денеска координираа намалување на производството на сурова нафта до крајот на 2023 година.
Потпретседателот на руската влада Александар Новак најави дека Русија до крајот на годината ќе го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно.
Москва го објави ова во исто време кога Саудиска Арабија, Кувајт, Оман, Ирак и Обединетите Арапски Емирати најавија ограничувања на производството, сето тоа до крајот на оваа година.
„Мерка за натамошна нестабилност“
„Со цел да дејствува како одговорен пазарен учесник и како мерка на претпазливост од понатамошна нестабилност на пазарот, Руската Федерација ќе спроведе доброволно намалување на производството од 500.000 барели дневно до крајот на 2023 година“, најави Новак.
Ова е втор пат Русија да го продолжи ограничувањето што го најави рускиот вицепремиер во февруари. На крајот на март Новак изјави дека Русија е блиску до целното производство од 9,5 милиони барели дневно.
Саудиска Арабија во неделата објави дека го ограничува своето производство, исто така за 500.000 барели дневно, од мај до крајот на годината. Саудиското Министерство за енергетика нагласи дека ова е превентивна мерка за стабилизирање на нафтениот пазар.
Според нивните агенции, Обединетите Арапски Емирати најавија намалување за 144.000, Алжир за 48.000, Ирак за 211.000, Кувајт за 128.000, а Оман за 40.000 барели дневно.
Министерството за енергетика на Казахстан во неделата објави дека ќе го намали производството за 78.000 барели дневно од мај до крајот на годината во координација со другите членки на ОПЕК +.
Еден милион барели нафта помалку дневно
Блумберг пишува дека како резултат на тоа, на пазарот ќе има еден милион барели нафта дневно.