Македонија

Зимата се врати на голема врата: Извадете ги јакните, доаѓа снег

Зимата се врати на голема врата: Извадете ги јакните, доаѓа снег

Облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни и повремено поројни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 12 степени.

Врнежи се уште ќе има и во вторник претпладне, кога во западните делови во повисоките подрачја ќе бидат од снег.

И во вторник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови дополнително намалување на дневната температура.

Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни