Една жена почина за време на операција на гастричен бајпас во Турција. Постапката има за цел да ја намали големината на желудникот, објави Би-Би-Си. Шенон Боу (28) почина во саботата.
Нејзината пријателка на Фејсбук напиша: „Спиј во мир ангелу мој. Те сакам секогаш и засекогаш“.
„Го поддржуваме семејството на британскиот државјанин кој почина во Турција и сме во контакт со локалните власти“, изјави портпаролот на Комонвелтот во земјата.
Гастричен бајпас го ограничува волуменот на желудникот и количината на внесена храна и е рестриктивна процедура во борбата против вишокот килограми.
Ова е и е една од најпопуларните процедури за слабеење.