Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се појави снимка од убиството на рускиот блогер – ова му се последните зборови…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се појави снимка од убиството на рускиот блогер – ова му се последните зборови…

Руските истражители денеска ја обвинија 26-годишната Дарја Трепова за тероризам за убиството на воениот блогер Владлен Татарски во експлозија на бомба во Санкт Петербург.

Татарски, поддржувач на руската воена кампања во Украина, со вистинско име Максим Фомин, беше убиен во неделата во експлозија во кафуле каде што требаше да зборува за своите искуства како воен дописник во борбената зона во источна Украина.

Моментот на експлозијата е снимен и објавен на социјалните мрежи. Татарски бил видно воодушевен од бистата што ја добил на подарок, па дури рекол „Гледај, златниот Татарски“, но неколку моменти подоцна таа експлодирала и го убила. На видеото се гледа и Трепова која седела во близина.

Трепова, како што беше соопштено, беше обвинета за „терористички чин на организирана група која предизвикала намерна смрт“. Тие додадоа дека таа постапила според упатствата на луѓето што дејствуваат во име на Украина.

Кремљ во понеделникот објави дека убиството на истакнат воен блогер е „терористички чин“ и дека има докази дека Украина е вмешана. Тој го обвини Киев дека е вмешан во убиството во соработка со приврзаниците на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Кафулето во кое се случи убиството е во сопственост на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој, сепак, смета дека е одговорна група радикали, а не Киев.

Медиумите, вклучително и државната агенција Тасс, наведуваат дека Дарија Трепова е осомничена дека донела бомба скриена во статуа која на собирот му била предадена на блогер.

Трепова беше префрлена од Санкт Петербург во Москва. Обвинителите денеска се очекува да побараат од Окружниот суд Басмани да и одреди притвор пред нејзиното судење.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот постхумно му оддаде чест на Татарски. „За покажаната храброст и смелост во извршувањето на професионалните должности, воениот дописник Фомин, Максим Јуриевич (Владлен Татарски) постхумно е одликуван со Орден за храброст“, се наведува во одлуката.

Пред Татарски, Дарја Дугина загина во експлозија на автомобил во близина на Москва.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни