Македонија

Бугарскиот клуб во Битола претрпе промени – името обоено во црно!

Бугарскиот клуб во Битола претрпе промени – името обоено во црно!

Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив.

Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по неа.

ФОТО: Стефан Горгиевски со спреј го покрил името на Иван Михајлов во Битола

Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни