Свет

Делфините кои бегаат од војната во Украина, ги воодушевуваат децата во Романија

Делфините кои бегаат од војната во Украина, ги воодушевуваат децата во Романија

Во делфинариумот во црноморското пристаниште Констанца, Романија, тренерите на делфини соработуваат и покрај јазичната бариера и успешно „комуницираат“ со делфините од двете земји.

Минатата година, делфинариумот прими четири делфини и три морски лава, заедно со нивните тренери и лекари, бегајќи од гранатирањето во источниот украински град Харков.

„Сега имаме повеќе колеги… украински колеги – луѓе и делфини“, рече романската тренерка Мона Мундреску, седејќи на работ од базенот по утринскиот настап пред стотици воодушевени ученици.

„Многу добро се согласуваме заедно, зборуваме ист „јазик“. Ова е најдоброто нешто што може да им се случи на нашите делфини“, додаде таа.

Романија е една од четиринаесетте земји на Европската унија кои имаат делфинариуми и морски животни.

Делфинариумот Констанца, кој е дел од голем природонаучен музеј и истражувачки комплекс, е дом на женските делфини Ни Ни и Чен Чен од 2010 година.

Во Харков, локалниот делфинариум почна да бара начини да ги премести делфините и морски лавови веднаш по гранатирањето што започна минатата година во февруари. Делфините Кики, Маја, Марусија и Ветерок и морските лавови Алекс, Марија и Зосија веднаш биле префрлени во Одеса, каде чекале два месеци романските и украинските власти да го подготват пакетот документи неопходни за нивно внесување во Европската унија.

Животните пристигнаа во Констанца на почетокот на мај и беа ставени во карантин еден месец пред да бидат запознаени со двете резидентни женски делфини Ни Ни и Чен Чен.

„Тоа беше ново искуство за нас и нашите животни, бидејќи ние сме различни, тие имаат две многу стари и многу убави девојки, а ние имаме многу млади животни, на почетокот немаше контакт“, изјави предводникот на украинскиот тим. Елена Комогорова. „Но, сега… ние сме многу добри пријатели. Истото важи и за нашите тимови“, сподели таа.

Животните почнаа да настапуваат заедно на претстави кон крајот на јуни, пливајќи со тренерите, скокајќи низ обрачите и балансирајќи топки. Морските лавови се мешаат со публиката.

„Сакаме да останат со нас што е можно подолго“, изјави менаџерот на делфинариумот Џулијан Калин. „Тие се вредни луѓе и делфини и ги сакаме со нас бидејќи заедно сме прекрасно семејство“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни