Свет

Продолжуваат масовните протести против судските реформи во Израел

Продолжуваат масовните протести против судските реформи во Израел

Во Израел повторно се одржаа масовни протести против судските реформи.

Поради двата напада во кои загинаа три лица во петокот, полицијата повика на прекин на демонстрациите. Но, организаторите се договорија да нема само поворки.

Протестите против судските реформи во Израел започнаа пред 14 недели. Ова е најмасовното незадоволство во историјата на земјата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се откажува од обидите за промена на правосудниот систем. Доколку се случи реформата, некои од овластувањата на високите судии ќе бидат префрлени на извршната власт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни