На 08.04.2023 во 03.00 часот пред угостителски објект во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Б.М.(22) од Неготино затоа што агресивно се однесувал и снимал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.